Статус


Проф. д-р Росе Смилески е роден на 18.07.1956 година во с. Горно Батушје, Македонски Брод, Република Македонија. Во 1975 година завршил средно хемиско училиште во Прилеп, а потоа школувањето го продолжил на Воено-техничката академија во Загреб на насоката Хемија, специјалност пиротехнологија. Дипломирал 1980 година.
На Технолошкиот факултет во Загреб завршил постдипломски студии во 1985 год., а докторирал на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", во Скопје, на Технолошко-металуршкиот факултет во 1994 година, во областа на техничките науки.
Како офицер во кариерата е унапредуван во чиновите: потпоручник (1980), поручник (1981), капетан (1984), капетан I класа (1988), мајор (1992), потполковник (1994) и полковник (1999).
Кариерата како наставно научен работник ја почнал на Катедрата за муниција и минско-експлозивни средства на Воено-техничката академија во Загреб, каде што е избран во звањето предавач (1988), а доцент (1995) и вон. проф. ( 2000 год. ) на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" во Скопје.
Работи на наставните дисциплини: одржување на муниција минско експлозивни средства, складирање муниција, експлозивни материи и вна-трешна балистика.
Од 1992 година е активен офицер во Армијата на Република Македонија во Генералштабот во Сектор за логистика, а потоа (1993) во установата за образование на воени старешини во Скопје, каде што ја основа и раководи со Катедрата за вооружување и муниција, која што подоцна прераснува во Катедра за воено машинство и технологија.
Од 1998 год. е продекан за научноистражувачки работи на ВА.
На Воената академија разви лабораторија за експлозивни материи, воедно ги постави и ги разви следните дисциплини: Технологија на муниција и експлозивни материи, Хемија на експлозивните материи и Внатрешна балистика со конструкција на класично вооружување.
На постдипломски студии на Машинскиот факултет во Скопје ја води дисциплината Современи одбранбени средства.
Проф. д-р Росе Смилески реализирал и повеќе научноистражувачки, апликативни проекти за потребите на стопанството на Р.Македонија, објавил повеќе научни и стручни трудови како во земјава така и во странство.
Иницијатор и носител е на активностите за организирање на Првиот научен симпозиум во Р.Македонија, од областа на експлозивните материи и воената технологија, со меѓународно учество (2002) во Охрид.
Функцијата декан ја врши од 10 април 2003 година

кон врвот на страната


 

 
 
 
© Воена академија на Република Македонија, 2002